Како што потврди полската полиција, туристката на возраст од 29 години е обвинета за учество во нацистичка пропаганда.
Изречена ѝ е парична казна и таа се согласила да ја плати, пренесува Би-би-си.
Се додава дека станува збор за фотографија која ја снимил нејзиниот сопруг. Нејзиното објаснување било дека сè било лоша шега.
Ова не е првпат странци да се приведени за промовирање нацистичка пропаганда во Полска, обвинување за кое може да биде изречена казна од две години затвор.
Во 2013 година, на пример, двајца турски студенти беа осудени на по шест месеци затвор, условно на три години и парично казнети за нацистичко поздравување во Аушвиц.
Германските нацисти го изградиле логорот на смртта во полскиот град Освјенчим за време на окупацијата во 1939, а за нешто повеќе од четири и пол години во Аушвиц се убиени најмалку 1,1 милион луѓе.