Холанѓаните спречиле терористички напад на центар за вакцинација

Холандската полиција спречи напад врз центар за вакцинација против коронавирус во градот Ден Хелдер, апсејќи 37-годишен маж под сомнение дека подготвувал терористички напад, соопшти во четвртокот обвинителството.

Фото: ЕПА

Мажот наводно имал намера да постави експлозивна направа во центарот за вакцинација за да ја саботира вакцинацијата.

Но, нападот во холандскиот крајбрежен град на северот на земјата навремено бил спречен, соопштија обвинителите.

Осомничениот бил приведен на 18 март, но обвинителите детали за случајот објавија дури во четвртокот.

Јавното обвинителство во соопштението вели дека случајот го смета за терористички акт: „Активностите на осомничениот имале за цел да внесат голем страв кај населението и да ги дестабилизираат економските и социјалните структури на земјата“.

Судијата го продолжи притворот за три месеци. Истрагата продолжува поради можни соучесници.

Во Холандија, во јануари во неколку наврати имало немири и протести против карантинот поради коронавирусот, како и напади врз центрите за тестирање.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе