Во кое загинаа три лица

Холандските власти го бараат мотивот за пукањето во трамвај во Утрехт

Холандските власти денеска се обидуваат да го откријат мотивот зад инцидентот во трамвај во холандскиот град Утрехт, во кој загинаа три лица, а петмина беа ранети.

Маж роден во Турција, 37-годишниот Гокмен Танис, беше уапсен по седумчасовна потера на безбедносните сили во понеделникот.

Обвинителите рекоа дека е осомничен за три фатални пукања, можеби со терористички намери. Сè уште не е јасно дали Танис, кој во минатото имал „средби“ со полицијата, дејствувал од политички убедувања или за лична одмазда.

Според холандскиот закон, тој мора да биде изведен пред судија до четврток, но не мора да биде обвинет.

Двајца други осомничени исто така се во притвор, соопшти полицијата, но нивната можна улога е нејасна.

Комесарот за регионална полиција Роб ван Бри во понеделникот вечерта рече дека меѓу осомничениот и жртвите нема позната поврзаност. Премиерот Марк Руте рече дека терористичките мотиви сè уште не можат да се отфрлат.

Но на прес-конференцијата во понеделникот вечерта вишиот обвинител на Утрехт Рутгер Јеукен рече дека може да се во игра семејни проблеми, а турските и холандските медиуми цитираа пријатели и роднини на напаѓачот што рекле дека се сомневаат дека причина е некоја радикална политичка идеологија.

Танис и претходно бил апсен, изјави Јеукен за новинарите, без да даде дополнителни детали.

Во последниве години Лондон, Париз и неколку други европски градови претрпеа милитантни напади во кои загинаа стотици луѓе, а властите постојано се во степен на тревога. Утрехт, живописен град од 340.000 жители, беше блокиран по убиствата во понеделникот.

Холандскиот весник Алгемин Дагблад објави дека е една од жртвите е 19-годишна жена што работела во кафетерија, а за друга жртва рече дека е локален фудбалски тренер што бил татко на две мали деца. Обајцата имаат холандски презимиња, пренесе Ројтерс.

Третата жртва не е идентификувана ни од полицијата ни од медиумите.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе