„Проблемот не е во неа“

Холандскиот премиер: Нема нови преговори за брегзитот по оставката на Меј

Холандскиот премиер Марк Руте вчера предупреди дека Европската Унија нема повторно да преговара со новиот британски премиер за договорот постигнат со Велика Британија за нејзиното повлекување од членството во Унијата.

„За договорот за брегзитот нема повторно да се преговара“, изјави Руте на прес-конференција.

„Проблемот не е во Тереза Меј, туку во строгите услови што ги постави Обединетото Кралство за каков било договор“, рече Руте.

Британската премиерка Тереза Меј вчера соопшти дека ќе поднесе оставка на 7 јуни и изрази длабоко жалење поради неуспехот да го спроведе брегзитот.

Договорот за повлекување на Британија од ЕУ, кој Тереза Меј го договори со водачите на ЕУ, трипати беше отфрлан во британскиот парламент.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе