Холандскиот министер за надворешни работи призна дека лажел за состанокот со Владимир Путин

Халбе Зeлстра претходно тврдеше дека го слушнал рускиот претседател како зборува за своите експанзионистички амбиции на собирот во 2006 година.

Холандскиот министер за надворешни работи Халбе Зeлстра беше под голем притисок поради лагата дека присуствувал на состанокот со Владимир Путин во 2006 година, објави денес холандскиот весник Де Фолскскрант, пренесе Политико.

На партиската конференција во 2016 година, политичарот од Народната партија за слобода и демократија (ВВД) тврдеше дека бил присутен на состанокот од 2006 година, на кој рускиот претседател ги објавил плановите за проширување на границите на земјата и создавање на „Голема Русија“, која би ги вклучувала Белорусија, Украина, балтичките држави и можеби Казахстан. Зeлстра, во тоа време бил вработен во нафтената компанија Шел, а за Русија отпатувал со Јерун фон дер Фиер тогашниот извршен директор на компанијата.

Зeлстра бил принуден да ги расчисти работите со своето директно присуство на состанокот откако неговите колеги изразиле сомнеж, објави Де Фолскскрант. Министерот призна дека всушност тој не бил во собата, туку ја позајмил приказната од еден извор. Зeлстра тврди дека сакал да ја раскаже приказната поради самата „геополитичка важност“ и ја претставил како своја со цел да го „заштити“ изворот.

Неговата одлука „не билa паметен потег“, призна тој. „Требаше поинаку да постапам“.

Обелоденувањето е во незгодно време за Зeлстра, бидејќи утре треба да се упати кон Москва за да се состане со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Министрите се очекува да разговараат за соборувањето на МХ17, авионот што бил соборен додека летал над Украина во 2014 година, предизвикувајќи дипломатска криза меѓу двете земји. Владата на премиерот Марк Рут претходно ја обвини Русија за ширење лажни вести за инцидентот.

Плукајќи врз музикантите, незнаејќи одработувате за други интереси поведени од разбирливата емотивна нетрпеливост која ја прават криминалците од двете страни.

повеќе

Каков и да биде резултатот од предвидениот референдум за името во септември или во октомври, тој не дава гаранција за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за промена на Уставот.

повеќе

Тесла преку проектот Варденклиф покажал дека енергетските ресурси се неограничени.

повеќе