Холандски новинар „упадна“ на доверлива конференција на министрите за одбрана на ЕУ (ВИДЕО)

Холандскиот новинар Даниел Верлан во петокот успеа да „упадне“ на доверлива видеоконференција на министрите за одбрана на ЕУ. Вработениот во телевизијата РТЛ се приклучил на состанокот откако холандската министерка за одбрана на својот твитер-профил случајно ги објавила податоците за пријавувањето на видеоконференцијата.

Фото: Твитер

Видно изненадениот новинар, кој ја следи областа на технологијата, почнал да мавта веднаш штом сфатил дека е „во небрано“, пишува Би-би-си.

„Добро, дали знаете дека упаднавте на доверлива конференција?“, прашал Жозеп Борел, шефот за надворешна политика на ЕУ.

„Да, да, се извинувам, јас сум холандски новинар. Жал ми е што ја прекинав вашата конференција“, рекол Верлан, додека присутните министри се смееле.

„Еве, веднаш заминувам“, брзо рекол тој.

„Дали знаете дека ова што го правите е кривично дело, а?“, го прашал Борел советувајќи го „да се одлогира пред на врата да му тропне полиција“.

Верлан се приклучил на состанокот откако министерката за одбрана Анк Билјевелд на Твитер објави фотографија со адресата за пријава и дел од ПИН-кодот.

„По неколку обиди, РТЛ успеа да го погоди ПИН-кодот на тајните консултации, бидејќи на фотографијата се гледаа шест од петте броја“, пренесе медиумот.

Директорот на Транспаренси интернешнел на ЕУ на Твитер објави снимка од инцидентот со коментар: „Верлановото хакирање на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ? Еве како изгледаше. Врвна комедија“.

И додека многумина се смеат на овој настан, има и такви што се прашуваат колку се безбедни доверливите состаноци на претставниците на ЕУ.

Легенда под Главна слика

Фото: Твитер

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе

Многумина од учесниците во македонската сага, нивните деца и внуци прашуваат: Зошто не можеме да се вратиме во земјата на нашите предци?

повеќе

Утрово осамна уште еден ден од ноември, 20-от ден од месецот. Остануваат точно уште 456 дена до 100-годишнината од коморскиот систем во нашата земја.

повеќе