Холандски научници тренираат пчели со мирис да го откриваат коронавирусот

Холандски научници научиле пчели, кои имаат добар мирис, да откриваат примероци заразени со ковид-19, и тоа постигнување би можело да го скрати добивањето резултати од тестирањето за коронавирусот на неколку секунди.

EPA-EFE

За да ги истренираат пчелите, научниците во биоветеринарната истражувачка лабораторија на универзитетот Вагенинген ги наградувале инсектите со засладена вода откако ќе им покажеле примероци заразени со коронавирусот. Кога би им покажале незаразени примероци, пчелите не добивале ништо, пренесува Ројтерс.

Лидерот на проектот Вим ван дер Поел, професор по вирологија кој бил дел од проектот, кажал дека се земени „нормални медоносни пчели“  кои, кога ќе се навикнеле на таквиот систем, го пружале јазикот за да добијат награда, што станало показател дека примерокот е заразен.

Добивањето на резултатите по тестирањето за ковид-19 инаку трае со часови, а пчелите заразените примероци ги откриваат веднаш. Тој метод е и поевтин па може да се користи во земјите каде нема доволно тестови.

Но Дирк де Грааф, професор кој ги проучува пчелите и други инсекти на универзитетот во Гент во Белгија, смета дека таа техника нема во блиска иднина да ги замени конвенционалните облици на тестирање за ковид-19.

„Тоа е добра идеја, но јас порадо би спроведувал тестови со класични дијагностички алати наместо со медоносни пчели. Јас сум голем обожавател на пчелите, и би ги користел за други цели а не за откривање ковид-19“, кажал тој.

Техниката со која инсектите со мирис откриваат хемиски врски уште во деведесеттите години од минатиот век ја користело американското министерство за одбрана за откривање експлозиви и токсини, напоменал Де Грааф.

Молци, пчели и оси биле користени „за безбедносни цели, за да откриваат експлозиви, но и за медицинска дијагностика“.

За методот од Вагенинген засега се знае премалку за да се зборува за нејзината ефикасност, смета професорот од Белгија, иако ја поддржува опцијата пчелите да укажуваат на зараза кога не се достапни ПЦР тестови.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе