Холандската влада ја тужи Русија за уривање на авионот МХ17

Холандската влада најави дека ќе ја тужи Русија на Европскиот суд за човекови права поради уривањето на патничкиот авион на компанијата Малезија ерлајнс на лет МХ17 над источна Украина во 2014 во кој загинаа сите 298 патници.

EPA-EFE

Речиси две третини од патниците беа државјани на Холандија која ја смета Русија за одговорна за несреќата која се случи на 17 јули 2014.

Кремљ отрфла каква било вмешаност во уривањето на малезискиот авион.

Во писмото проследено до парламентот се наведува дека владата ја тужи Русија пред Европскиот суд за да „добие вистина, правда, и виновниците да одговараат за смртта на 298 жртви“.

Меѓународниот тим инспектори утврди дека авионо на лет МХ17 бил урнат со ракета БУК од руско производство испукана од село под контрола на проруските бунтовници.

Ракетниот систем БУК бил довезен во селото Првомајски и од него била испукана една ракета, по што бил вратен во Русија, заклучи во 2016 здружениот иснепкторски тим предводен од холандски истражители.

Во мај 2018 меѓународните инспектори од Австралија, Белгија, Малезија, Холандија и Украина објавија дека утврдиле дека проектилот со кој бил урнат авионот потекнувал од 53-тата руска противвоздушна бригада базирана во Курск, на западот на Русија.

Дел од патниците беа државјани на Австралија која исто така одговорноста ѝ ја препишува на Русија.

Здружениот инспекторски тим поднесе обвинение против четири лица, вклучувајќи го и командантот на бунтовничката одбрана. Инспекторите не ја поврзаа Русија директно со нападот на авионот, но тврдат дека снимки од телефонски разговори упатуваат дека рускиот врв бил во контакт со двајца од четворицата обвинети за убиството на патниците и екипажот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе