Холандската полиција: Стануваме нарко-држава, не можеме да се бориме со бандите

Холандија почнува да личи на нарко-држава, а полицијата не може да го потисне создавањето на паралелна криминална економија. Ова драматично предупредување се наоѓа во новиот извештај на полициската унија во земјата.

Официјалните бројки не даваат таква слика - всушност, покажуваат тренд на опаѓање на криминалот во последниве години. Холандската полиција тврди дека овој впечаток е лажен, бидејќи многу жртви едноставно се откажале од пријавувањето на инцидентите, а на синдикатите на организираниот криминал им е дадена слобода, јавува Гардијан.

„Само една од деветте криминални групи може да се запре со моменталните ресурси и бројот на луѓе. Детективите гледаат како малите криминалци се развиваат во богати претприемачи кои се етаблираат во областа на угостителството, недвижностите, туристичките агенции, средната класа“, се предупредува во извештајот даден на весникот Телеграф, врз база на интервјуа со повеќе од 400 детективи.

„Холандија ги исполнува многуте критериуми за нарко-држава. Детективите гледаат како се создава паралелна економија“, се заклучува.

Критичарите веќе долго време тврдат дека холандската политика на толеранција кон лесните дроги, продажба на канабис во кафетериите и правниот статус на проституцијата ја претворат земјата во голем европски и светски центар за трговија со дрога и луѓе.

Поголемиот дел од екстазито во Европа и во САД доаѓа од лаборатории во јужниот дел на Холандија, што воглавно е воден од мароканските банди кои се бават и со одгледување на канабис. Според податоците на Европол, половината од целиот кокаин што годишно се консумира во Европа, во вредност од 5,7 милијарди долари, доаѓа токму преку пристаништето во Ротердам.

Унијата на холандската полиција бара дополнително да се регрутираат две илјади полицајци за воопшто да можат да се справат со организираниот криминал, а нејзиниот алармантен извештај се совпаѓа со неодамна обелоденетиот извештај од јавниот обвинител за холандската влада.

Иако во официјалната статистика се забележани помалку од еден милион кривични дела, што е пад од колку 25% во последните девет години, извештајот на тужителот истакнува дека дури и 3,5 милиони казнени дела проаѓаат непријавени секоја година. Властите се ставени во „непремостливо неповолна положба“ против бандите, предупредува извештајот.

Градоначалникот на Амстердам Јошиос фон Артсен, шефот на полицијата Питер-Јап Алберсберг и јавниот обвинител месецов јавно предупредија за порастот на организираниот криминал и промената кон по невидливи форми на криминал што често се надвор од контрола и видот на властите. Полицијата во Амстердам троши 60-70% од своето време во борбата против нарачаните убиства меѓу бандите.

„Во 80-тите и 90-тите, професионално платените убијци доаѓаа од странство за 50.000 евра. Во последниве години, гледаме момчиња од Амстердам кои убиваат за 3.000 евра“, вели Алберсберг.

Во извештајот на полициската унија се предупредува и на порастот на криминалот против постарите лица и ранливата популација: „Бројот на кривични дела против ранливите лица е зголемен поради стареењето на населението и кратењата во социјалната помош. Конкретно кражбата, измамата и насилството врз постарите и ранливите луѓе енормно се зголемени, а на ова не му се посветува доволно внимание “.

Ова повеќе не е „бегалска криза" ниту „криза за управување со бегалци". Сега веќе е хуманитарна криза по сите дефиниции.

повеќе

Али Ахмети на средбите со Тачи и Харадинај изразил уверување дека македонските Албанци се подготвени да имаат блиска соработка со Косово во насока на проширување на влијанието на албанскиот фактор.

повеќе

Сега треба лидерите во Скопје, Атина, Брисел, па дури и во Вашингтон да осигурат дека храброста што ја покажаа македонските граѓани нема да биде залудна.

повеќе