Пронајдени импровизирани простории

Холандската полиција откри семејство што со години живеело затворено на фарма, го чекале крајот на светот (ВИДЕО)

Холандската полиција, реагирајќи на дојава, открила шест млади возрасни лица и нивниот татко заклучени во тајна просторија на изолирана фарма, соопштија властите.

Шест лица на возраст од 18 до 25 години и нивниот болен татко биле најдени во близина на Руинерволд, село на северот на покраината Дренте, соопшти градоначалникот Роџер де Грут. Тие немале контакт со надворешниот свет девет години.

Де Грут кажа дека 58-годишен маж, кој не е татко на децата, бил уапсен на фармата. Неговата улога не е разјаснета, пренесува Ројтерс.

„Колку што знам јас, мајка им умре пред тие да дојдат тука. Полицијата откри импровизирани простории во кои семејството тајно живеело“, кажа тој.

Семејството, кое според пишувањето на локалните медиуми го чекало крајот на светот, било откриено откако еден член избегал и

побарал помош во блиска кафеана.

Еден вработен во локалот изјави за РТВ Дренте дека влегол еден член од семејството, 25-годишен маж кој изгледал запуштено, и кажал дека не бил надвор девет години. „Се гледаше дека не знае кој и што прави“, кажа сопственикот на локалот Крис Вестербик. „Кажа дека избегал и дека му е итно потребна помош“.

Градоначалникот кажа дека сите членови на семејството, вклучувајќи го таткото кој е неподвижен по мозочен удар, се хоспитализирани на тајна локација. „Јасно ми е дека има многу прашања. Полицијата ги истражува сите можни сценарија“, кажа Де Грут.

Членовите на семејството живееле во тајна просторија и преживеале хранејќи се со зеленчук и месо од животни кои ги одгледувале во зафрлена бавча, јавуваат медиумите.

 

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе