Холандија не мора да ги прими назад децата на џихадистите на ИСИС

Холандија не е обврзана активнот да помага во репатријацијата на децата на жените кои ја напуштиле земјата и ѝ се придружиле на Исламска држава во Сриија, пресуди денес апелацискиот суд и со тоа ја укина претходната пресуда.

Понизок суд претходно месецов пресуди дека владата треба активно да им помага и да ги врати во земјата 56 деца кои живеат во сиромашни услови во логори во Сирија.

Сите тие деца имаат холандско државјанство и се помлади од 12 години. Повеќето се помали од шест години.

Владата се жалеше на одлуката на понискиот суд наведувајќи ги како причини националната безбедност и ризиците кои би ги имале холандските службеници кои би требало да одат во логорите и да ги најдат жените и децата.

Тврдеа дека пресудата негативно ќе влијае на холандската надворешна политика и меѓународната соработка.

Жените и децата живеат во многу лоши услови кои би можеле дополнително да се влошат со доаѓањето на зимата во кампот Ал хол на североистокот на Сирија, кажа нивниот адвокат Андре Зебрегст.

Во логорот има околу 68 илјади заробени борци на Исламска држава и нивни семејства, според проценките на Црвениот крст. Ги чуваат сириските курдски сили откако ја презедоа контролата врз последното упориште на џихадистичката група.

Податоците на владата од октомври покажуваат дека 55 борци на Исламска држава кои отишле од Холандија сѐ уште се на северот на Срија. Таму има и најмалку 90 деца на Холанѓани и на оние кои значително време живееле во Холандија.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе