„Поради зголемување на криминалот“

Холандија ја почна процедурата за враќање на визите за Албанија

Холандија денес на Европската комисија ѝ ја достави резолуцијата која неодамна ја усвои холандскиот парламент, со барање за враќање на визниот режим за албанските граѓани кои патуваат во земјите од Европската Унија.

Холандија ова барање му го достави на европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос.

Холандскиот парламент на 16 парил, на барање на група пратениците од пет политички партии, ја усвои Резолуцијата за повторно воспоставување на визниот режим за Албанија, поради „зголемениот албански криминал“ во државата.

Резолуцијата беше усвоена со 108 гласа „за“ и 42 „против“.

„Враќањето на визите за албанските државјани е неопходно поради зголемувањето на криминалот на албанската мафија во Холандија. Овие криминални организации ја злоупотребуваат можноста да патуваат без визи во земјите од ЕУ и да ја шират шверцерската мрежа“, се наведува во резолуцијата.

Резолуцијата ѝ наложи на холандската влада да го поднесе ова барање до Брисел, бидејќи последниот збор околу барањето за повторно воспоставување на визниот режим го има Европската Унија.

ЕУ треба принципиелно да реагира на отворениот национал-шовинизам на бугарскиот парламент, се вели во отвореното писмо на македонски академици и професори до европретставниците во Македонија.

повеќе

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе