Претходно холандската администрација донесе одлука да го поддржи пристапувањето на Романија и Хрватска во Шенген, притоа блокирајќи ја Бугарија.
Министрите сметаат дека Бугарија не ги исполнува потребните услови за членство во Шенген.
Според холандскиот министер за надворешни работи Вопак Хоекстра, премногу рано е Бугарија да влезе во Шенген. Тој не ја исклучи можноста Холандија да ја преиспита својата одлука кога ќе стане јасно дека Бугарија е способна да се бори против корупцијата и организираниот криминал.
Холандскиот премиер Марк Руте изрази загриженост дека пристапувањето на Бугарија во Шенген зоната може да предизвика прилив на илегална миграција.