За патролирање и борбено дежурство

Холандија испраќа најсовремени авиони во Бугарија

Холандија на пролет ќе испрати два најсовремени борбени авиони од петтата генерација Ф-35А во Бугарија како привремено засилување на НАТО силите на Балканот, со што таа земја сака да испрати порака дека ќе постапи цврсто кон потенцијалната руска интервенција во Украина.

EPA-EFE

„Членките на НАТО заземаат различни ставови кон источното прашање и некои испраќаат сили како зајакнување на членките кои се во близина на Русија, а некои како Германија се многу воздржани. Холанѓаните во текот на април и мај ќе ангажираат два Ф-35А во мисија за надзор на воздушниот простор на Црното Море. За нивните пилоти и техничари заминувањето на Ф-35 во партнерската земја ќе биде голем предизвик бидејќи станува збор софистициран, а за одржување многу комплициран авион“, наведува Балканска безбедносна мрежа.

Порталот додава дека пред тоа се очекуваат силите на уште еден сојузник, бидејќи бугарскиот Совет на министри следната недела треба да ја потврди одлуката за прифаќање на пет до седум шпански ловци „тајфун“.

„Ваквите привремени засилувања Софија ги гледа како посакувана поддршка, позитивен потег на јакнење на военото присуство на НАТО и демонстрација на единството и солидарноста на Алијансата“, се наведува.

Холандија нарача 46 авиони Ф-35А како замена за ловците Ф-16.

До сега се примени 24 авиони со кои летаат 55 пилоти. Холандската авијација официјално потврди на 27 декември 2021 дека единиците со Ф-35А ја достигнале почетната фаза на совладување на техниката во НАТО термините на почетна оперативна способност.

Иако сè уште не ја совладале оперативната употреба на авионите, еден пар заминува во Бугарија со задача за патролирање и борбено дежурство.

„Официјално не е наведено која бугарска база ќе биде домаќин на холандските Ф-35. Може да се претпостави дека тоа ќе биде базата Граф Игнатиево во централна Бугарија која е уредена по стандардите на НАТО и до сега во неа доаѓаа ловци од партнерски земји, најчесто американски“, се наведува.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе