Холандија и Австралија ѝ се закануваат на Русија со тужба поради падот на авионот при што загинаа 298 луѓе

Холандија и Австралија ја сметаат Русија одговорна за падот на патничкиот авион на Малезија ерлајнс, кој во 2014 е погоден со ракета над Украина, соопшти денес холандската влада, зголемувајќи ја можноста за подигање судски тужби.

Поголемиот број од 298 жртви се државјани на двете земји и тие ја „ сметаат Русија за одговорна за учество во рушењето“ на авионот Малезија ерлајнс, наведе холандската влада.

Австралиската министерка за надворешни работи, Џули Бишоп, исто така, официјално го повтори обвинувањето.

Двете земји сега можат да го достават овој комплексен случај до некоја меѓународна организација или суд, додава истиот извор.

Оваа изјава следи по објавувањето на заклучоците на меѓународните истражувачи кои утврдија дека ракетата Бук со која е погоден авионот е лансиран од 53 противвоздушна бригада стационирана во Курск.

„Врз основа на заклучоците на меѓународните истражители, Холандија и Австралија можам со сигурност да кажам дека Русија е одговорна за поставувањето на ракетните системи Бук со кои е погоден авионот“, истакна холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок.

„Владата ќе работи на тоа Русија официјално да ја прогласи за одговорна“, додаде тој. „Холандија и Австралија се одлучија за легално делување“, се вели во соопштението на владата. Во изјавата на холандската влада се вели дека следниот можен чекор е да се изнесе случајот до меѓународниот суд.

Умре Милена Дравиќ. Да живеевме во некое друго време, во некоја друга земја, таа вест ќе се прикажеше на екраните на југословенските телевизии, како што ни се прикажа веста за смртта на Тито.

повеќе

Во кичестиот амбиент на магичното Скопје, каде што се изградени огромни споменици на Александровите фалангисти, а знамето на НАТО се вее пред зградата на Генералштабот, во градот поделен на македонски и на албански дел, лебди Бизмарковата геополитичка визија: оној што ја контролира долината на реката Вардар, станува господар на Балканот.

повеќе

Повеќе од 40 години пишувам за самостојноста на македонскиот јазик и идентитет и на моменти бев подложуван и на физички напад поради моите ставови. Јас не би прифатил ништо што го негира признавањето на Македонија.

повеќе