Правосилна пресуда

Холандија е „10 проценти“ одговорна за смртта на 350 лица во Сребреница

Холандскиот Врховен суд ја потврди пресудата дека државата е делумно одговорна за смртта на 350 лица во масакрот во Сребреница во Босна.

Судот соопшти дека државата има 10% одговорност, бидејќи тоа е веројатноста нејзините војници да ги спречиле убиствата, пренесе Би-би-си.

Силите на босанските Срби убиле вкупно 8.000 муслимански мажи во градот Сребреница во 1995 година.

Холанѓаните заштитувале безбедносна зона на ОН кога била совладана.

Реткост е држава да биде одговорна за неуспех во мировните операции на ОН, но судот нагласи дека Холандија има „многу ограничена одговорност“.

Во 2002 година, поради извештајот за улогата на Холандија во Сребреница тогашната целокупна холандска влада поднела оставка.

Холандското министерство за одбрана соопшти дека владата ја прифатила пресудата на Врховниот суд, вклучително и одговорноста за било каква штета.

Судот пресуди дека ако холандските сили им дале засолниште на 350 мажи во базата на ОН шанса да останат, имало само 10% шанса дека нема да паднат во рацете на Србите, па затоа холандската држава треба да биде одговорна само за тој процент на штети што ги претрпеле ужалените.

Пресудата не дала детали за тоа како е пресметана шансата за преживување од 10 отсто.

Конечната пресуда носи завршница на долгите години правни битки помеѓу холандската држава и тужителите - група роднини на жртвите, познати како Мајки на Сребреница.

Случајот ескалираше до највисокиот суд, бидејќи државата сакала да биде ослободена од одговорност, додека Мајките на Сребреница сакале да биде одговорна за сите 8.000 смртни случаи во геноцидот.

Апелациониот суд претходно ја постави одговорноста на 30%, но одлуката на Врховниот суд драстично ја намали таа бројка.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе