Објавија извештај

Хјуман рајтс воч: Злосторствата на Израел се очигледни во војната во Газа

Организацијата за заштита на човековите права Хјуман рајтс воч (ХРВ) ја обвини денес израелската војска дека извршила напади кои „очигледно претставуваат воени злосторства“ во текот на единаесетдневната војна против екстремистите на Хамас во мај.

EPA-EFE

Меѓународната организација со седиште во Њујорк до тој заклучок дошла истражувајќи три израелски напади од воздух во кои се убиени 62 цивили и наведе дека „немало јасни воени мета во близина“.

Во извештајот се обвинуваат и палестинските екстремисти за воени злосторства, бидејќи испукале над 4.000 ненаведувани ракети и минофрлачки проектили врз израелски населени места, а со таквите напади се „крши забраната за намерни или случајни напади врз цивили“, се наведува.

Во фокусот на извештајот се израелските акции за време на конфликтот и ХРВ наведува дека во август одвоено ќе ги објави резултатите од истрагата на нападот на исламски Хамас кој владее во Газа и други палестински исламисти.

„Израелските сили извршиле напади во мај во Газа кои уништиле цели семејства“, изјави директорот на ХРВ Гери Симпсон задолжен за кризи и конфликти.

Фактот што Израел не е спремен за сериозна истрага на наведените злосторства и палестинскиот ракетен оган врз цивилни области ја истакнуваат важноста од отворената истрага на двете страни во Меѓународниот кривичен суд (ИЦЈ), оцени Симпсон.

Израелската војска, која претходно повеќе пати кажа дека напаѓа воени мети во Газа и презема мерки на претпазливост за да избегне цивилни жртви, а Хамас го обвинува за убиствата и ранувањето на цивили бидејќи лансира ракети од населени области, не реагираше веднаш на извештајот.

Најновата војна изби на 10 мај кога Хамас испука баражен оган во правец на Ерусалим, во знак на поддршка на палестинските протести поради заострените мерки на израелската полиција пред џамијата Ал акса и заканите на еврејските доселеници за иселување на десетици палестински семејства од околните квартови.

Израел одговори со напади на над 1.000 мети поврзани со екстремистите во Газа.

На палестинската територија загинаа 254 луѓе, вклучувајќи 67 деца и 39 жени.

Во израел загинаа 12 цивили, меѓу кои две деца.

ХРВ наведе дека најсериозни биле низата напади од воздух во улицата Ал Вадха во Газа Сити во кои се уништени три станбени згради и убиени 44 цивили, вклучувајќи 18 деца и 14 жени. Убиени се 22 лица од само едно семејство.

Израел наведе дека мета на нападите биле тунелите кои Хамас ги користи и дека нападите врз зградите не биле намерни.

Организацијата за човекови права утврдила дека Израел користел американски наведувани бомби ГБУ-31 и дека не ги информирал претходно станарите да се евакуираат, и дека не се најдени докази за воени мети во близина.

Во извештајот ХРВ бара од ОН да ја условат безбедносната помош за Израел со преземање конкретни акции за да ги почитува човековите права и да ги истражи воени злосторства.

Меѓународниот кривичен суд се повикува да се вклучи во најновата војна во Газа и истрагата за можните воени злосторства на Израел и палестинските екстремистички организации.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како и главниот лик во романот, Доне Совичанов, и Ташко Георгиевски никогаш не потклекна и не побара пусулче од Канцеларијата на нашиот јужен сосед во Скопје за да ја премине границата и да го посети своето родно село во Егејска Македонија.

повеќе

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе