Хјуман рајтс воч: Повеќе од 300 луѓе убиени во Амазонија поради расчистување на шумите

Повеќе од 300 луѓе се убиени во последната деценија во судири околу користењето на земјиштето и ресурсите во Амазонија поврзани со криминални организации кои профитираат од незаконското расчистување на шумите, објави Хјуман рајтс воч.

Само 14 случаи завршиле на суд, објави непрофитната организација во извештајот заснован на 170 интервјуа.

„Тоа навистина покажува колкаво е нивото на неказнивост. Истрагата и одговорноста навистина потфрлиле“, рече Цезар Муноз, висок истражувач за ХРВ, за Ројтерс.

Кабинетот на бразилскиот претседател не одговори на барањето за коментар.

Околу 60% од амазонските прашуми кои се сметаат за круцијални во борбата против климатските промени, се наоѓаат во Бразил.

Оваа година нагло се зголеми уништувањето на шумите. а поради најголемиот број пожари од 2010 година ширум светот се осудува политиката на претседателот Жаир Болсонаро кој се залага за Амазонија да биде отворена за развој.

Хјуман рајтс воч посетил неколку бразилски држави од 2017 година до првата половина на 2019 година и во објавениот извештај откри дека речиси половина од убиствата биле поврзани со расчистувањето на шумите во северниот дел на државата Пара.

Болсонаро ја ослабнал бразилската агенција за заштита на животната средина Ибаму, ѝ го намалил буџетот за 25 проценти и ги ограничил теренските службеници во однос на уништување на опремата на оние кои ќе извршат кривични дела против животната средина.

Поранешната министерка за животната средина и претседателски кандидат Марина Силва рече дека извештајот е доказ за заостанувањето на Бразил по прашањето за животната средина.

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе

Хрватскиот музичар и кантавтор Дадо Топиќ уште во далечната 1973 година во неговата култна песна „Македонија" ја опиша нашата татковина како „земја каде сонцето вечно сјае".

повеќе

Одолговлекувањето на истрагата за случајот „Рекет" е тесно поврзана со политичките проценки за тоа до каде може да се оди во тактиката „жртва за квалитет".

повеќе