Хјуман рајтс воч: Обвинувањата за тероризам против Моралес се политички мотивирани

Меѓународната организација Хјуман рајтс воч соопшти дека обвиненијата против поранешниот претседател на Боливија Ево Моралес за тероризам изгледаат политички мотивирани.

EPA-EFE

ХРВ наведува дека тие обвиненија се дел од пошироката кампања на привремената боливиска влада која го користи правосудниот систем за пресметка со политичките противници.

Таа група за заштита на човековите права објави извештај во кој се укажува на кршења на судските процедури, вклучувајќи неосновани обвиненија и арбитрарно користење на институцијата притвор, откако привремената претседателка на Боливија Жанин Ањес ја презема власта во ноември 2019 година.

ХРВ додава дека слична шема на судски злоупотреби постоела и во време на владеењето на Моралес.

Привремената влада на Боливија ги отфрли обвинувањата од извештајот дека ги прогонува противниците.

Во Боливија на 18 октомври треба да се одржат вонредни избори.

Новата влада со закон му забрани на Моралес повторно да се кандидира за претседател, а судот му забрани да биде кандидат за член на Сенатот, Неговото Движење за социјализам и понатаму го контролира Конгресот.

Моралес беше претседател на Боливија речиси 14 години, а оставка поднесе во ноември откако полицијата и војската му откажаа послушност по протестите на опозицијата.

Протестите избија откако Моралес прогласи победа на претседателските избори, на кои наводно имало нерегуларности и на кои според уставот немал право да се кандидира.

Тој негира дека имало изборна кражба и своето заминување од власта го смета за државен удар. Набрзо по падот од власта, Моралес мораше да замине во егзил, прво во Мексико а потоа во Аргентина.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе