Хјуман рајтс воч го обвини Израел за апартхејд над Палестинците

Невладината организација Хјуман рајтс воч (ХРВ) го обвини Израел за спроведување политика на апартхејд и прогон на Палестинците, и сопственото арапско малцинство, што е еднакво на злосторства против човештвото.

EPA-EFE

Организацијата за човекови права со седиште во Њујорк објави извештај на 213 страници кој, како што се истакнува, не го изедначува Израел со јужноафриканската ера на апартхејдот, туку проценува „дали се вршат одредени дејства и политики на апартхејд како што е дефиниран со меѓународното право“.

Израелскиот министер за надворешни работи ги отфрли тврдењата како „апсурдни и лажни“ и го обвини ХРВ за „антиизраелска пропаганда“, кажувајќи дека групата „со години промовира бојкот против Израел“.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас го поздрави извештајот.

Само неколку недели претходно, Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) најави дека ќе ги истражи воените злосторства на Западниот брег и во Појасот Газа, окупирани од Израел, додека израелската војска и палестинските милитантни групи како Хамас се наведени како можни злосторници.

Во извештајот на ХРВ се истакнати израелските ограничувања на палестинското движење и грабањето палестинска земја за населување Евреи на територијата окупирана во 1967 година во Блискоисточната војна, како пример на политиките кои се злочини на апартхејдот и прогонот.

„Низ Израел и палестинските територии, израелските власти го продолжија спроведувањето на намерата за задржување на доминацијата врз Палестинците со контролирање на земјата и демографијата за ќар на еврејските Израелци“, се наведува во извештајот.

„Врз основа на тоа извештајот заклучува дека израелските функционери извршиле злосторство против човештвото апартхејд и прогон“, како што е дефинирано во Конвенцијата за апартхејдот од 1973 година и според Римскиот статут од 1998 година.

Во соопштението на Абас пишува: „Меѓународната заедница треба итно да интервенира, вклучувајќи го и тоа да се погрижи нивните држави, организации и компании да не придонесуваат на каков било начин на извршувањето на воените злосторства и злосторствата против човештвото во Палестина“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Овде нема такво нешто. Има некои чинители што се занимаваат со испишување црвени линии. Не им значи ништо фактот што токму под ова гесло е овозможен најдолготрајниот мир на европскиот континент.

повеќе

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе