Хилари Клинтон: Срамота е што Велика Британија не објавува ништо за мешањето на Русија (ВИДЕО)

Британското необјавување на парламентарниот извештај за наводното руско мешање во политиката на Велика Британија е „необјасниво и срамно", рече денес поранешната претседателска кандидатка на САД Хилари Клинтон, додека британскиот заменик-министер за финансии Риши Сунак вели дека извештајот треба да помине низ процес на проверка пред да биде објавен.

Кабинетот на премиерот Борис Џонсон на Даунинг стрит, допрва треба да го одобри објавувањето на извештајот на парламентарната Комисија за разузнавачка служба и безбедност (ИСЦ) и најверојатно нема да биде објавен пред изборите на 12 декември.

Велика Британија ја обвини Русија за мешање и обид да влијае на западните избори. Москва во неколку наврати ги негираше овие обвинувања, тврдејќи дека Западот бил зафатен со антируска хистерија.

ИСЦ испитуваше обвиненија за руски активности насочени кон Велика Британија, вклучително и на референдумот за членство во ЕУ во 2016 година, кога Борис Џонсон беше главен поборник за излегување на Велика Британија од Унијата.

Клинтон, која ја обвини Русија за мешање во претседателските избори во 2016 година на кои беше поразена од Доналд Трамп, вели дека Британците заслужуваат да го видат извештајот пред гласањето.

„Необјасниво е што вашата влада нема да го објави извештајот за руското влијание. Тоа е необјасниво и срамно“, рече Клинтон за Би-би-си.

„Секој што гласа во оваа земја заслужува да го види извештајот пред изборите“, додаде Клинтон.

Заменик-министерот за финансии на Велика Британија Риши Сунак изјави дека извештајот сè уште не е објавен затоа што треба да ја помине неопходната процедура.

„Сосема е нормално ваквите извештаи да поминат низ процес на проверка што може да трае и неколку недели“, рече Сунак за ИТВ.

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе