„Оган и бес“

Хилари Клинтон ја читаше книгата против Трамп на доделувањето Греми (ВИДЕО)

Оваа нејзина „точка“ сигурно не била добро примена во Белата куќа.

Во ноќта во која настапуваа најголемите ѕвезди во музиката, Хилари Клинтон доби една од најгласните реакции. Клинтон се појави на крајот од претходно снимен скеч, во кој разни музичари читаа извадоци од бестселерот на Мајкл Волф „Оган и бес: во Трамповата Бела куќа“, глумејќи аудиција за аудиокнига, која најверојатно идната година ќе ја земе статуетката за најдобар прочитан албум.

„Една од причините зошто тој сакаше да јаде во Мекдоналдс“, чита Клинтон од книгата, насмеана, „е што никој не знаеше дека тој ќе дојде и храната беше безбедно зготвена претходно“.

Читањето на Клинтон е кулминација во скечот во кој ѝ претходат уметници како Снуп Дог, Џон Леџенд, Шер и Карди Би, кои исто така читаа реченици од книгата, додавајќи и коментари.

„Зошто го читам ова срање?“, прашува Карди Би во видеото.

Со оглед на досегашното однесување на претседателот Доналд Трамп, може да се претпостави дека скечот веројатно нема да поминува добро каде и да го гледа тој. Иако победи на претседателските избори и ја порази Клинтон, тој не престана да ги напаѓа неа и нејзините помошници и пријатели на социјалните медиуми - минатиот ноември ја нарече „најголемиот губитник“.

Тоа што Клинтон, еден од омилените непријатели на Трамп, ја чита книгата што Трамп и неговата администрација гласно ја напаѓаа, на едно од најголемите доделувања награди преполно со ѕвезди, е токму она што најверојатно ќе го разгневи Трамп, вели Вокс.

Скечот речиси веднаш предизвика реакција од Трамповата амбасадорка во Обединетите нации, Ники Хејли:

„Отсекогаш ги сакав Греми наградите, но земањето уметници да ја читаат 'Оган и бес' ги уништи. Не упропастувајте одлична музика со ѓубре. Некои од нас сакаат музика без да ја мешате политиката во неа“, напиша Хејли на Твитер.

Реагираше и синот на Трамп, Доналд Помалиот:

„Читањето извадоци од книга со лажни вести на Греми се чини како одлична утешна награда за губењето на изборите“, напиша тој.

Самиот Доналд Трамп сè уште нема објавено твит, но секогаш има утре, вели Вокс.

Брисел не мора да има шпион во Кремљ за да дознае дека Москва ќе стори сè што може за да ја спречи Македонија да се приклучи во НАТО - не поради нејзиното стратегиско значење, туку поради симболичната вредност на потегот, вели политичкиот експерт Иван Крастев за Гардијан.

повеќе

Македонија не е единствената жртва на ваквото здодевно силеџиство на Грција. Грчката влада се расправа и со Албанија и со Турција, вели принцот Мајкл од Лихтенштајн.

повеќе

Нема законски пречки да се снима полициски службеник за време на вршење на должноста, иако полицијата се противи на тоа.

повеќе