Хезболах „нема интерес“ конфликтот во Газа да се прошири во Либан

Министерството за здравство управувано од Хамас во Газа го ажурира вкупниот број на мртви во Појасот на 181.

Фото: ЕПА

Неименуван либански официјален претставник за лондонскиот весник на арапски јазик „Ашарк ал-Авсат“ рекол дека Хезболах не сака да ги прошири борбите во Газа на либанското боиште.

„Ситуацијата на границата со Израел ќе остане под контрола затоа што Хезболах нема интерес да го прошири конфликтот“, рекол изворот, пренесе Тајмс оф Израел.

Официјалниот претставник истакнал дека Иран исто така не сака војна меѓу Израел и Хезболах, додека се обидува да добие олеснување на американските санкции на нуклеарните разговори во Виена.

Иран утрово му вети на Хамас поддршка во борбата против Израел во појасот Газа, пренесoa иранските државни медиуми.

Во телефонски разговор во саботата со лидерот на Хамас, Исмаил Хание, генералот Есмаил Каани, командант на бригадите ал-Кудс на Иранската револуционерна гарда, му вети целосна поддршка на Иран, објавија иранските државни медиуми.

Хание му се заблагодарил на Иран за поддршката и рекол дека борбата против Израел не е само на Хамас, туку и на целиот муслимански свет.

Иран ја смета еврејската држава за свој главен непријател и ги поддржува групите што се борат против Израел, како Хамас во Газа или Хезболах во Либан.

Во меѓувреме, Министерството за здравство управувано од Хамас во Газа го ажурира вкупниот број на мртви во Појасот на 181, од кои 52 се деца и 31 се жени.

Министерството соопшти дека бројот на ранети е 1.225.

„Тимовите за реакција при итни случаи на Министерството сè уште работат на извлекување на заробени луѓе и мртви тела од под урнатините“, се вели во соопштението.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе