Турско-германските научници

Хероите на денешницата – двојката која ја направи западната вакцина против ковид-19

Научниците Угур Сахин и Озлем Туреци своите животи ѝ ги посветија на науката, поточно на полињата онкологија и инфективни болести, а со години се пионери во креирањето персонализирани имунотераписки третмани за рак.

Screenshot

Но, пандемијата на коронавирусот, која во моментов пустоши по светот, и истражувањето од полето на модифицираниот генетски код, ја откри оваа двојка во јавноста како „мозокот“ зад првата западна ефикасна вакцина против коронавирусот.

Турско-германските научници Сахин и Туреци ја формираа фирмата Бајонтек во германскиот град Мајнц во 2008 година. На почетокот на оваа недела, со американскиот партнер, компанијата Фајзер, објавија дека вакцината на која работеле со месеци се покажала над 90 отсто ефикасна во превенцијата на заразата со коронавирусот.

За изработка на вакцината користеле досега никогаш одобрена технологија, позната во научните кругови како мРНА, за да предизвикаат имунолошка реакција кај луѓето кои се вакцинираат.

„Мислам дека е добра порака за човештвото дека сега сфативме дека ковид-19 инфекцијата навистина може да се спречи со вакцина“, вели Сахин.

Зборувајќи за Си-ен-ен, директорот на Фајзер Алберт Бурла, истакна дека ова е најголемото медицинско достигнување во изминатите стотина години.

Додека оваа вакцина претставува огромен чекор во научната заедница, Сахин и Туреци се ветерани во светот на медицинските достигнувања.

Овие доктори ја формирале својата претходна компанија, Ганимед фармасутикалс во 2001 година, за да развијат антитела за борба против ракот, а ја продале за фантастични 1,4 милијарди долари 15 години подоцна.

Тие се меѓу врвните 100 најбогати Германци според весникот Велт ам зонтаг. Веќе во вторникот, веднаш по објавата на веста за вакцината, пазарната вредност на нивната компанија Бајонтек скокна на 25,72 милијарди долари, што претставува скок за 4,6 милијарди од минатата година.

Но добродетелството и долгогодишната посветеност на академската и научната заедница ги задржале приземјени, иако работата на вакцината за ковид-19 ги стави во фокусот на светското внимание.

Во разговор за Си-ен-ен во мај годинава кажаа дека чувствуваат должност да „пружат нешто за општеството, имајќи ја предвид работата што ја работат со децении“.

Сахин е роден во Искендерун, град на турскиот медитерански брег. Кога имал четири години се преселил во Келн, каде неговиот татко работел во локалната фабрика на Форд, пренесува Ројтерс.

Ја запознал Туреци, ќерка на турски доктор, во моментот кога двајцата ја почнувале академската кариера.

Ги споила заедничката страст кон истражувањето на ракот, а Ројтерс пренесува дека сопружниците го почнале дури и денот на венчавката – во лабораторија.

Откако ја прочитал веста за појавата на коронавирусот во Вухан, во јануари годинава, Сахин со мали чекори стигнал од мРНА лековите против рак до антивирусна вакцина базирана на мРНА, пишува Ројтерс.

Бајонтек ги насочил своите 500 вработени да работат на проектот со неколку потенцијални врски на мРНА, а подоцна го формирале партнерството со Фајзер.

Колегите го опишуваат Сахин како „скромна и повлечена“ личност.

Матијас Кромајер, од партнерската компанија МИГ АГ, вели дека Сахин никогаш не се сменил и покрај големите достигнувања во кариерата.

Во вторникот кажа дека верува дека вакцината која ја изработија Бајонтек и Фајзер „нема да биде единствената вакцина“ против ковид-19, напоменувајќи дека се во тек бројни тестирања.

Сахин кажа и дека целта на Бајонтек, во соработка со Фајзер, е да го засили производството на својот кандидат за вакцина и дека се надеваат да произведат 1,3 милијарди дози до крајот на 2021 година, ако добијат одобрување.

Повтори дека Бајонтек и Фајзер планираат да побараат од американската Дирекција за храна и лекови (ФДА) да одобри итна употреба на вакцината, со тоа што тоа барање ќе стигне веќе следната недела.

Легенда под Главна слика

Screenshot

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе