Ова е трет случај што го губи Монсанто во споровите со лица кои тврдат дека хербицидот им предизвикал канцер.
Тужителите, Алберта и Алва Пилиод, го користеле Раундап повеќе од 30 години и дијагностициран им е не-Хочкинов лимфом.
Како што пренесува Еј-би-си, Бајер, сопственикот на Монсанто, најави дека ќе се жали на одлуката на судот во Калифорнија.
Портпаролот на компанијата пресудата ја опиша како „претерана и неоправдана“.
Суд во Сан Франциско пресуди минатата година дека Монсанто мора да плати речиси 290 милиони долари отштета бидејќи не го информирале Двејн Џонсон, заболен од карцином, за опасноста од својот хербицид Раундап, со што Американецот ја победи агрохемиската компанија во историското судење.
Монсанто минатата година во трансакција вредна 63 милијарди евра дојде во рацете на германскиот фармацевтски гигант Бајер.