Рекордна исплата

Хербицид на Монсанто предизвикал рак, американска двојка доби две милијарди долари отштета

Суд во Калифорнија му наложи на хемискиот гигант Монсанто на двојка од САД да ѝ исплати околу две милијарди долари откако добиле рак, како што утврди судот, со користење на хербицидот за трева Раундап.

Ова е трет случај што го губи Монсанто во споровите со лица кои тврдат дека хербицидот им предизвикал канцер.

Тужителите, Алберта и Алва Пилиод, го користеле Раундап повеќе од 30 години и дијагностициран им е не-Хочкинов лимфом.

Како што пренесува Еј-би-си, Бајер, сопственикот на Монсанто, најави дека ќе се жали на одлуката на судот во Калифорнија.

Портпаролот на компанијата пресудата ја опиша како „претерана и неоправдана“.

Суд во Сан Франциско пресуди минатата година дека Монсанто мора да плати речиси 290 милиони долари отштета бидејќи не го информирале Двејн Џонсон, заболен од карцином, за опасноста од својот хербицид Раундап, со што Американецот ја победи агрохемиската компанија во историското судење.

Монсанто минатата година во трансакција вредна 63 милијарди евра дојде во рацете на германскиот фармацевтски гигант Бајер.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе