Хеликоптер на американската војска се урна на северот на Сирија

Американски воен хеликоптер се урна во сириската провинција Ал-Хасака, објавија сириските државни медиуми повикувајќи се на локални извори.

Според САНА, американскиот хеликоптер се урнал во рурална област во близина на градот Ал-Јарубија, на североистокот на Сирија, близу до ирачката граница. Повикувајќи се на локални извори, медиумот извести дека американските оклопни возила се распоредени на местото на несреќата.

САНА не соопшти за каков вид хеликоптер станува збор и дали има жртви.

Пентагон и американските сили во Сирија и Ирак сè уште не ги коментираа информациите.

Во 2018 година, хеликоптер за пребарување и спасување на американската армија Сикорски ХХ-60 Пејв Хок се урна во западен Ирак во близина на границата со Сирија, при што загинаа сите седум лица што беа во него.

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе

Како по ѓаволите успеаја политичарите да го претворат токму Гоце Делчев во повод за поделби и омраза?

повеќе

Независна Македонија не може да се пофали со успешно менаџирање на етничките прашања, а првите „грешки“ се прават во првите денови од независноста.

повеќе