Хаваи ќе се подготвуваат за ракетен напад од Северна Кореја

Американската сојузна држава Хаваи се подготвува за можноста за ракетен напад од Северна Кореја. Иако смета дека ваквото сценарио е неверојатно, Државната агенција за управување во вонредни ситуации најави едукација на граѓаните што да се прави во случај на напад, јавува Асошиејтед прес.

Во ноември ќе почнат и тестни предупредувања за напад. Граѓаните ќе добиваат брошури со информации и совети, а на кампањата за едуцирање на граѓаните ќе се приклучат и телевизиите, радистаниците и интернет порталите.

„Ако не бидат информирани граѓаните ќе бидат уплашени“, изјави директорот на агенцијата Тоби Клермонт.

Сирените за тревога на Хаваите последен пат се огласиле во 80-тите години од минатиот век.

Во случај Северна Кореја навистина да го преземе овој неверојатен чекор, ракетата до Хаваи би патувала дваесетина минути.

Северна кореја на почетокот на месецот тестираше интерконтинентална ракета за која тврдат дека може да стигне до Аљаска и Хаваите, и дека може да носи нуклеарна боева глава.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе