Хауген: Фејсбук го загрозува интегритетот на демократијата

„Колку е понегативен коментарот, толку повеќе лајкови ќе има, па и повеќе пари“, рече Хауген.

Фото: ЕПА

Френсис Хауген, свиркачка и поранешен менаџер на компанијата Фејсбук, вчера пред комисија на Европскиот парламент изјави дека компанијата го нарушува интегритетот на демократијата овозможувајќи ја и продлабочувајќи ја поларизацијата, како и фаворизирајќи ги радикалните ставови.

„Фејсбук може да ја ослаби нашата демократија и да ги продлабочи поделбите“, рече Хауген пред Комисијата на ЕП за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите.

Таа додаде дека има можности Фејсбук и Инстаграм да станат побезбедни, но дека Фејсбук не е подготвен тоа да го направи заради сопствениот профит, а последиците се огромни.

Помеѓу сигурноста и профитот, според Хауген, Фејсбук секогаш го избира профитот, што произведува поларизација низ целиот свет.

Таа исто така тврди дека четири отсто од корисниците на Фејсбук добиле 80 отсто неточни информации, пренесува Хина.

„Фејсбук не промени ништо кога сфати дека нус-појава на неговите системи е ширењето дезинформации“, рече Хауген, која верува дека платформата е „значително помалку транспарентна и носи помалку одговорни одлуки“ од другите социјални мрежи, како што е Твитер.

Хауген, која го напуштила Фејсбук во мај, испрати десетици илјади внатрешни документи и платформи до регулаторните тела и медиумите, за кои таа тврди дека Фејсбук е свесен оти овозможува ширење омраза, односно дека неговите алгоритми придонесуваат за видливост на таквите содржини.

„Колку е понегативен коментарот, толку повеќе лајкови ќе има, па и повеќе пари“, рече Хауген.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе

Наместо да ги повлечат тужбите против воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите припадници на безбедносните сили, МВР отиде дотаму што поднесе тужби дури и против членовите на семејствата на загинатите полицајци со законска камата да ја вратат земената оштета.

повеќе