Хашим Тачи пристигна во Хаг

Косовскиот претседател Хашим Тачи пристигна во Хаг како гостин н Специјалното обвинителство каде што утре ќе биде сослушан, јавуваат приштинските медиуми.

EPA-EFE

Тачи денес не присуствуваше на состанокот на Советот за национална безбедност на Косово со кој претседаваше косовскиот премиер Авдулах Хоти.

„Според нашите извори Тачи не учествуваше на оваа средба, бидејќи околу 15 часот го напушти аеродромот во Тирана за да стигне на утрешното сослушување во Хаг, каде што ќе го брани британскиот адвокат Џефри Најс“, јавува телевизијата Кљан Косова.

Во обвинението се наведува дека Тачи, лидерот на Демократската партија на Косово Кадри Весељи и други се осомничени за околу 100 убиства.

Злосторствата претставени во нацрт обвинението вклучуваат стотина идентификувани жртви косовски Албанци, Срби, Роми и политички противници.

Во декември 2011 година швајцарскиот сенатор Дик Марти го објави извештајот на Советот на Европа во кој се наведени неколку поранешни лидери на УЧК кои се вмешани во воени злосторства.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе