Хашим Тачи бара од Албанија на Косовците да им даде албанско државјанство

Хашим Тачи, претседателот на Косово, побара од претседателот на Албанија, Илир Мета, да им овозможи на граѓаните на Косово да добијат државјанство од оваа земја, јави РТС од Приштина.

„Побарав од Мета, врз основа на Уставот, граѓаните да добијат (албанско) државјанство, бидејќи Европа покажа неправда кон Косовците. Албанија е единствената надеж“, ја пренесе РТС изјавата на Тачи на заедничката прес-конференција со албанскиот претседател, кој е во посета на Приштина.

Тачи „во контекст на ова барање уште еднаш ја искритикува Европската Унија поради условувањето на либерализацијата на визниот режим за граѓаните на Косово“.

Во заедничката изјава Тачи и Мета наведоа дека се залагаат за „продолжување на последната фаза на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, повикувајќи на обновување на ангажирањето на ЕУ и со непосредно учество на САД“. Целта е Србија „конечно да го признае Косово како суверена и независна држава“, што е оценето како „процес што ќе има позитивно влијание за целиот регион“.

Тачи и Мета се залагаат за „симетрично забрзување на процесот на интеграција на сите земји во регионот“ што сакаат членство во ЕУ и во НАТО, оценувајќи дека тоа „и понатаму се главно политички процеси, со извонредно влијание врз завршувањето на мировните договори во регионот“.

Целта, како што е наведено во декларацијата, е подготвување стратегиски документ за полноправно членство на Косово во ЕУ и НАТО, побрза либерализација на визите помеѓу ЕУ и Косово, како и ангажирање на Приштина спогодбено да го реши прашањето за демаркација на границата со Црна Гора.

Официјален Белград сè уште не се огласил по повод барањата на Тачи до Тирана да им овозможи на граѓаните на Косово да стекнат албанско државјанство.

Дипломатијата е уметност невозможното да го направите возможно (Ш.-М. Талеиран).

повеќе

Односите меѓу Грција и Македонија се на клучна точка, вели Катимерини и со ѕвездички дообјаснува дека употребата на терминот „Македонија“ е на авторот и дека не го одразува ставот на весникот. Сепак се чини ова е првпат грчкиот весник да нè напише со уставното име.

повеќе

И ако граѓаните или Владата очекуваа дека Јункер на Заев ќе му даде покана со датум за влез на Македонија во ЕУ, тогаш живееме во илузии.

повеќе