Важен момент за движењето #И мене

Харви Вајнстин прогласен за виновен за силување на судењето во Њујорк (ФОТО+ВИДЕО)

Филмскиот магнат денеска беше прогласен за виновен за силување и за сексуален напад и веднаш во лисици беше однесен во затвор, со што е запечатен неговиот вртоглав пад од моќен шеф на холивудско студио до најголемиот душман на движењето #И мене (#MeToo).

 

67-годишниот Вајнстин имаше резигниран израз на лицето кога ја слушна пресудата што може да го испрати во до 29 години затвор.

„Ова е новиот пејзаж за преживеаните од сексуален напад во Америка, верувам, и ова е нов ден. Нов ден е затоа што Харви Вајнстин конечно ќе одговара за извршените злосторства“, рече окружниот правобранител Сајрус Ванс Јуниор. „Вајнстин е злобен, сериски сексуален предатор, кој ја користел својата моќ за да им се заканува, да ги силува, да ги напаѓа и да ги измамува, да ги понижува и да ги замолчува своите жртви“.

Адвокатите на Вајнстин рекоа дека ќе поднесат жалба.

„Харви е многу силен. Харви е неверојатно силен. Тој ова го поднесе како маж“, рече адвокатката на одбраната Дона Ротуно. „Тој знае дека ние ќе продолжиме да се бориме за него, а ние знаеме дека ова не е готово“.

На поротата од седум мажи и пет жени ѝ беа потребни пет дена за да го прогласи Вајнстин за виновен за сексуален напад врз продуцентската асистентка Мими Хејли во 2006 година и за силување на надежна актерка во хотелска соба во Њујорк во 2013 година.

Тој беше ослободен од најсериозното обвинение, две точки за предаторски сексуален напад, од кои секоја носи казна до доживотен затвор. Обете обвиненија беа засновани на тврдењето на актерката од „Сопранови“, Анабела Скиора, која рече дека Вајнстин ја силувал и насилно ѝ вршел орален секс во нејзиниот стан во средината на 1990-тите.

Обвинението за сексуален напад носи до 25 години затвор, додека силувањето од трет степен е казниво со најмногу четири години. Казната ќе биде изречена на 11 март.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе