Харви Вајнстин постигна привремена спогодба, обвинителките добија милиони

Харви Вајнстин и администрацијата на неговото банкротирано филмско студио постигнаа привремена спогодба вредна 25 милиони долари со десетици жени кои го обвинија поранешниот холивудски продуцент за сексуална злоупотреба, објави Њујорк Тајмс, повикувајќи се на адвокатите вклучени во преговорите.

Спогодбата ќе ги финализира речиси сите граѓански тужби од актерки и поранешни вработени кои го обвинија Вајнстин за кривични дела, од сексуално вознемирување до силување, според Њујорк Тајмс.

Осигурувањето на поранешното филмско студио Вајнстин Ко ќе ја изврши исплатата, а Вајнстин нема да мора да признае за престапите или да плати нешто.

Адвокатите на Вајнстин одбија да коментираат за случајот.

Вајнстин е обвинет за сексуална злоупотреба, што датира наназад неколку децении, и е обвинет од повеќе од 30 жени. Вајнстин ги негираше сите обвинувања и рече дека сите сексуални односи се случиле со согласност.

Таа тужба е одвоена од кривичните пријави со кои се соочува Вајнстин во Њујорк, каде е обвинет за сексуално злоставување од две жени, едната во 2006 година, а другата во 2013 година.

Судскиот процес е закажан за 6 јануари 2020 година, а Вајнстин се соочува со затвор доколку биде осуден по главните точки од обвинението.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе