Харис: „Ова не се зборови на претседател - ова се зборови на диктатор“

Демократите во Соединетите Држави остро ги осудија заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе испрати војска во градовите и државите за да ги запре насилните протести.

EPA-EFE/SHAWN THEW

Протестите се одржуваат поради смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканецот убиен во брутално полициско апсење.

Прогласувајќи се себеси за „претседател на законот и редот“, Трамп рече дека ќе ја преземе моменталната претседателска акција за да го „запре насилството и да ја врати безбедноста во Америка“, откако протестите продолжија и шести ден.

„Ако градот или државата одбијат да преземат акции што се неопходни за одбрана на животите и имотот на нивните жители, тогаш ќе ја испратам американската војска и брзо ќе го решам проблемот“, рече Трамп.

„Ова не се зборови на претседател. Ова се зборови на диктатор“, напиша демократската сенаторка Камала Харис на Твитер.

Џо Бајден, поранешниот потпретседател на САД и веројатниот демократски кандидат на претседателските избори, исто така ги осуди Трамповите закани.

„Тој ја користи американската војска против Американците. Фрли солзавец на мирни демонстранти и пукаше со гумени куршуми. За фотографија“, напиша Бајден, додавајќи: „За нашите деца, за самата душа на нашата земја, мора да го победиме. Но, го мислам кога го кажувам ова: можеме да го направиме само заедно“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SHAWN THEW

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе