Харис и Пелоси влегоа во американската историја (ФОТО+ВИДЕО)

Потпретседателката на САД Камала Харис и претседавачката на американскиот Конгрес Ненси Пелоси влегоа во американската историја како првите жени кои одржаа говор во Конгресот за време на обраќањето на претседателот Џо Бајден.

EPA-EFE

По својот говор, Бајден ги повика двете жени да излезат на говорницата, нарекувајќи ги „мадам претседавачка“ и „мадам потпретседателка“, пренесува Асошиејтед прес.

„Ниеден претседател никогаш не ги изговорил овие зборови, а беше време“, изјави Бајден. Ненси Пелоси истакна дека ова е многу возбудливо време.

„Сјајно е да се биде дел од историјата, а беше и време“, кажа Пелоси неколку часа пред говорот во интервју за Ем-ес-ен-би-си.

Заговорниците на жените во американската политика, гледајќи ги Харис и Пелоси како седат заедно зад Бајден, кажаа дека тоа бил „преубав момент“.

Но додадоа дека бирањето жена да седи во Овалната канцеларија е целта која треба да се оствари, заедно со изедначување на правата во Уставот.

Бајден помогна моментов да биде официјален со тоа што вети дека ќе гласа за жена кандидат за претседател и додаде дека ја избрал Харис за прв соработник, која пред тоа беше сенаторка од Калифорнија.

„Ова е одличен старт и мораме да продолжиме да се движиме кон изедначување на правата“, кажа Кристијан Нанс, претседателката на Националната организација за жени.

81-годишната Пелоси влезе во историјата со тоа што стана првата претседавачка на Претставничкиот дом за време на администрацијата на Џорџ В. Буш.

56-годишната Харис влезе во историјата минатата година кога стана првата жена и првата Афроамериканка и жена од индиско потекло која стана потпретседателка.

Од кабинетот на Камала Харис не ги коментираа случувањата од претседателскиот говор за нејзината историска улога, кажувајќи дека „повеќе сакаат моментот самиот да зборува за себе“.

Покрај тоа Харис и Пелоси, по хиерархија, се прва и втора заменичка на Бајден.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе