Бакингемската палата

Хари и Меган се откажаа од титулите „кралско височество“

Бакингемската палата објави дека принцот Хари и неговата сопруга Меган веќе нема да ги користат титулите „кралско височество", ниту ќе примаат јавни средства откако е постигнат договор да се повлечат.

Од Бакингемската палата е соопштено и дека парот ќе врати околу 2,8 милиони евра на даночните обврзници потрошени за реновирање на нивниот дом во близина на замокот Виндзор, како што пренесуваат светските агенции.

Во изјавата од саботата, кралицата Елизабета Втора рече дека се радува што „заедно пронајдовме конструктивен и поддржувачки пат за мојот внук и неговото семејство. Хари, Меган и Арчи секогаш ќе бидат многу сакани членови на моето семејство“.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе