Харадинај за царините: За првпат губењето време ја чини Србија

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај истакна дека со царините била создадена ситуација со одолговлекувањето на постигнувањето договор да губат двете страни.

„За првпат губењето време ја чини Србија“, истакна Харадинај во Приштина, на прашањето дали царините ќе останат на сила сѐ додека Белград не ја признае независноста на Косово.

Тој царините ги објасни со тврдење дека Белград наводно две децении го блокирал увозот на стока од Косово.

„Ние со царините се браниме“, истакна косовскиот премиер, додавајќи дека неговата влада е заинтерсирана ситуацијата да се надмине. Според него, Приштина сака конечно решение на односите со Белград, а тоа за него „значи признавање од страна на Србија“.

Харадинај, на констатацијата дека мерките ја зголемиле популарноста на неговата партија, кажа дека тоа е „поедноставено прикажување на нештата“.

„Верувам дека уште годинава ќе ја добиеме визната либерализација“, им кажа тој на австриски новинари, истакнувајќи дека се сретнал со холандскиот премиер Марк Руте во Њујорк и дека смета дека Холандија нема да го блокира укинувањето на визите, исто како и Франција.

Косовскиот премиер не ја исклучи можноста најавениот самит во Париз на 1 јули да не биде одржан, но тврди дека тоа нема да биде по вина на Приштина, туку на Белград, бидејќи го условува продолжувањето на дијалогот.

Ставот на Белград е дека нема дијалог без укинување на царините на Приштина.

Харадинај истакна и дека поради Париз нема да направи никаков компромис на штета на Косово.

„Ние не го водиме состанокот во Париз, и не можеме да гарантираме ништо за тоа. Јас сум одговорен за позицијата на Косово, но не ја свикав средбата. Претседателот (на Франција Емануел) Макрон решава за тоа“, кажа Харадинај.

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе

Ништо не ме научи повеќе за моите родители, а и за мене, од храната што тие ја обожаваа откако избегаа од Босна.

повеќе