Харадинај: Укинувањето на царината би било трагичен чин

Вршителот на должноста косовски премиер Рамуш Харадинај изјави дека новата косовска влада не би требало да ја укинува царината од сто отсто на увозот на стока од Србија.

„Се надевам дека идната влада нема да ја укине царината, бидејќи тоа ќе го натера Косово да ја врати стоката од Србија, и тоа е условот на претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој го блокира и му се заканува на Косово“, кажа Харадинај.

Тој истакна дека би било изненадување доколку новата влада ја укине царината.

„Сега ќе им биде полесно да одбијат укинување на царината, бидејќи меѓународната заедница не бара од мене да ја укинувам. Реципроцитетот е добар начин на разработка, но не би требало да резултира со ослободување од царината“, смета Харадинај.

Премиерот на Косово во заминување наведе дека царината на српската стока не треба да се укинува бидејќи Србија не се променила.

„И Курти и Османи не би требало да грешат. Ако тоа го направат, мислам дека е трагичен чин... Царината останува на маргините на идниот развој. Царината може да остане во реципроцитетот“, оцени Харадинај.

Утре се навршува точно една година откако владата на Косово воведе царина од сто отсто на увозот на стока од Србија и Босна и Херцеговина.

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе