Харадинај: Територијата на Албанија и Косово никој не може да ја земе

Премиерот на Косово Рамуш Харадинај повторно се спротивстави на можноста за размена на територии како конечно решение со Србија.

Тој се спротивстави на идејата за која се залага косовскиот претседател Хашим Тачи.

Зборувајќи на манифестацијата по повод одбележување на 550-годишнината од раѓањето на Ѓерг Кастриот Скендербег, Харадинај кажа дека „Косово и Албанија се на своја територија, што не е случај со ниедна друга држава“.

„Косово не може да биде територија на друг народ, запамтете го ова... Косово и Албанија имаат своја ограничена територија, која никој не може да ја земе. Ако има Божје право, треба да им кажеме на сите, на нашите соседи и пријатели дека во нашата земја нема странска територија“, кажа Харадинај, а пренесува приштинскиот портал Телеграфи.

„Сакам да верувам дека ѝ припаѓам на генерацијата која ќе ја сопре праксата некој од Албанците тоа да му го препушти некому. Јас живеам со тоа уверување...“, кажа Харадинај.

Демонизирањето на Исламот и неговото постојано поврзување со тероризмот е загрижувачка појава во светот, а и на Балканот.

повеќе

Последните искричења во меѓународниот поредок ја прават нејасна агендата за евроатлантски интеграции на регионот која претставува неопходен услов за долгорочна стабилност на Западен Балкан.

повеќе

Очигледно во градењето на македонското општество заборавивме да ја промовираме правдата како негова примарна цел.

повеќе