Харадинај: Таксите ќе бидат укинати само со признавање на Косово

Премиерот на Косово во заминување Рамуш Харадинај рече дека и на Европејците и на Американците треба да им се каже дека таксите ќе бидат укинати само со признавање на Косово, пишува Газета експрес.

Тој ова го изјави во разговор во живо, кој го организираше Косовскиот демократски институт за дијалог меѓу Косово и Србија.

Харадинај рече дека заминувањето на претставничката на ЕУ за безбедност и надворешна политика Федерика Могерини од преговарачкиот процес е добра вест, бидејќи идејата за корекција на границите или за поделба на Косово беше присутна под нејзино раководство.

„Враќањето на дијалогот на масата на германската канцеларка Ангела Меркел и со поддршка од францускиот претседател Емануел Макрон и од Вашингтон со пратеникот Метју Палмер е многу добра одлука, бидејќи поделбата на Косово веќе не е тема на разговор“, рече Харадинај.

Харадинај рече дека дијалог со Србија ќе има само доколку има меѓусебно признавање во рамките на сегашните граници и дека нема да поддржи почетокот на преговорите да биде условен со укинување на таксите.

„Мораме да им објасниме на обете страни дека ние сме за заемно признавање и дека нивното барање за суспендирање на таксите пред почетокот на дијалогот го слабее Косово. Таксата се отстранува само со признавање“, рече Харадинај.

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе