„Не бараме ништо освен заемно признавање“

Харадинај стравува затоа што Србија купува оружје: Стравувам од нова војна

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај вели дека стравува затоа што Србија купува ново оружје, и стравува од нова војна, пренесе Радио-телевизија Србија (РТС).

Харадинај рече дека „пристапот до еден дел од меѓународната заедница во однос на дијалогот со Белград, ја зголемува потребата и Косово да се вооружи“.

„Србија купува оружје во Русија. Франција, исто така, постигна договор со Србија за ракетен систем. Во меѓувреме, тие ни кажуваат дека договорот не можеме да го наречеме ‘договор за меѓусебно признавање во постоечките граници’. Тогаш, што да правиме?’ запраша Харадинај.

Тој додаде дека тие не бараат ништо друго од дијалогот освен меѓусебно признавање.

„Ние сме независна држава. Не бараме ништо друго од дијалогот освен меѓусебно признавање. Ако не сте подготвени за тоа, дали е тоа тогаш порака за нас дека и ние би требало да купиме оружје?“, додаде косовскиот премиер, а пренесе приштинскиот печат.

И потпретседателот на косовската влада Енвер Хоџај тврди дека „милитаризацијата на Србија е закана за регионот“.

„Иако се прогласува воено неутрална, го покажува спротивното. Кој ѝ се заканува на Србија толку за да треба да купи ново оружје од Франција и други и да го зголеми својот систем за противвоздушна одбрана? Милитаризацијата на Србија е нова закана за регионот“, напиша Хоџај на Твитер.

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе

Без оглед на политичката заднина на случајот за изнудување, владата во Скопје мора да се фокусира на темелна истрага наместо на ограничување на штетата.

повеќе