Харадинај со порака до Курти: Укинувањето на царините би била капитална политичка грешка

Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај му порача денес на својот можен наследник, Аљбин Курти, дека му се допаѓа идејата за реципроцитет со Белград, но и дека укинувањето на царините на производите од Србија без признавање на косовската независност за возврат би била капитална политичка грешка.

Харадинај ова им го кажа на новинарите по седницата на владата во технички мандат и додаде дека не се само даноците политика, туку се тоа и ставовите со кои Приштина, како што кажа „го одржала Косово независно, што овозможило донесување на одлуките за реформирање на косовската восјка, за Трепча и други“.

„Што се однесува до реципроцитетот, ми се допаѓа идејата, но нека остане данокот. Ако Самоопределување прави реципроцитет, не разбирам зошто не би требало да продолжиме со царинењето и изненаден сум од ставот на секој кој ќе ја врати српската стока без добивање на признавање, бидејќи тоа би била капитална политичка грешка“, кажа Харадинај.

Поранешниот косовски премиер зборуваше и за Специјалниот суд за злосторства на УЧК и додаде дека одлуката за формирање на тој суд во косовскиот парламент треба да се преиспита.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе