Косовскиот премиер во оставка

Харадинај пукал на забава, објавена снимка (ВИДЕО)

Косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај присуствувал неодамна на забава во општината Дечани на која имало пукање од огнено оружје, јавуваат косовските портали.

Покрај Харадинај, порталите јавуваат дека и неговиот брат Даут Харадинај пукал на истата забава. Инцидентот се случил на свадба на 16 јуни, но дури сега се објавени некои детали.

Неименувани извори кажале дека за време на веселбата биле испукани „илјадници куршуми“ и дека поголемиот дел од оружјето кое се користело било „од легално потекло“.

На снимката објавена на порталот Лајми се гледа како едно лице пука од автоматска пушка АК47 „калашњиков“.

Никој од тие што пукале не е приведен, истакнуваат косовските медиуми.

Претходно Харадинај во косовското собрание го бранеше неговиот советник Дардан Гаши кога овој беше обвинет за недолично однесување.

Тој го правдаше дека „традицијата на пукање кај Албанците постои од кога се памти“, иако не е во согласност со законот.

САД остануваат најмоќната држава во светот, но францускиот претседател Макрон прави сѐ да стане своевиден „пандан“ на претседателот на САД.

повеќе

Сега, кога нашата држава ја предводат анационални лидери, кога супериорната бугарска власт смрди од агресивен национализам, ќе биде тешко да се изгради цврсто пријателство.

повеќе

Иако Буџетот 2020 е популистички, сепак со цврстите ставови за отфрлање на субвенциите за возила и за промена на даночната политика на СДСМ, како и во идејата за понатамошно отворање на Министерството за финансии се наѕира дека Ангеловска знае што прави.

повеќе