Харадинај призна: Бев принуден да поднесам оставка поради царините

Косовскиот премиер во заминување Рамуш Харадинај за прв пат призна дека бил приморан да поднесе оставка поради меѓународниот притисок.

Харадинај тврди дека бил приморан да даде оставка поради притисокот околу укинувањето на царините од 100 отсто на стоката од Србија и БиХ, пренесува приштинска Газета експрес.

Тој во интервју за Економикс онлајн ги критикуваше САД и ЕУ кои, според него, вршат постојани притисоци врз Приштина, но не и врз Белград.

Тој тврди дека, ако таквиот притисок продолжи, ќе дојде до дестабилизација на Балканот.

„Западните сили се сојузници на Косово, но се заинтересирани за добри односи со Србија. Тие мора да сфатат дека не треба да се врши притисок врз Косово бидејќи тој притисок со чудни мерки ја примора владата да поднесе оставка. Ако сакаат дестабилизација на Косово и враќање на кризата на Балканот, тие тоа можат да го направат, но тука не победува ни Косово, ни регионот, ни меѓународната заедница. Тие дојдоа до својата цел, можат да нѐ убијат ако сакаат, но повеќе не можат да нѐ убедат под притисок“, кажа Харадинај.

Тој смета дека западните земји мора да го вратат притисокот врз Србија, која, како што кажа, недвосмислено го условила продолжувањето на дијалогот со укинувањето на царините.

„Што ќе ни бараат тогаш за признавањето, ако за самиот почеток на дијалогот ни го бараат пазарот?“, праша Харадинај.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе