Харадинај: Војнички чизми ќе бидат повторно потребни доколку дојде до промена на границите

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај вели дека и самиот разговор за „прашањето на границите на Косово“ е опасен по стабилноста на регионот, пренесува приштинскиот портал Телеграфи.

„Границите на Косово се воспоставени со (војнички) чизми, а не позади маси и во преговори... Доколку тие се поместат, многу војнички чизми од двете страни ќе бидат повторно потребни“, рече Рамуш Харадинај за телевизијата Клан со седиште во Тирана.

Тој рече дека нема да прифати никаков договор со Белград, кој поттикнува „измена на граници“ и дека тој план не го смета за сериозен.

„По сето она што се случи, не можам да верувам дека претседателот Тачи го смета тоа за сериозен проект. Мислам дека тоа е дел од неговата политичка тактика“, заклучи Харадинај.

Од друга страна, приштинскиот портал Зери објави дека Харадинај најави дека од Нова Година нема да има физички препреки на границата меѓу Косово и Албанија.

Овој медиум наведе дека надежта на Харадинај се заснова на разговори и планови со албанскиот премиер Еди Рама.

Харадинај во претходно интервју изјави дека, кога патувал за Тирана, половина час чекал да влезе во Албанија и половина час да влезе во Косово, пренесе Зери.

На констатацијата на новинарот дека „во сите останати земји на ЕУ нема граници, и дека границите се само урнатини од минатото“ и на прашањето што ќе направи Приштина да ги отстрани, Харадинај рече дека со премиерот Рама и други колеги разговарале за тоа во преодот од една во друга година, таа граница да се отвори.

На инсистирање на новинарот да каже дали тоа ќе биде на новогодишната ноќ, Харадинај рече дека се надева.

„Се надевам на тоа. Конечно. Ќе има камери. Ќе се следи, но нема да има физички препреки, нема да има присутна физичка контрола“, рече Харадинај, пренесе порталот Окнал.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе