„Земјата доведена пред вонредна состојба“

Харадинај: Повеќе се грижев за промената на границите отколку за борбата против корупцијата

Премиерот на Косово во оставка Рамуш Харадинај изјави дека имал „поголеми грижи“ од борбата против корупцијата и дека се занимавал со темата за промена на границата, „која ја довела земјата пред вонредна состојба“, пренесуваат приштинските портали.

„Премиерот кој мора да ја чува територијата не може да се врати на решавањето на внатрешните прашања како корупцијата“, кажа Харадинај синоќа за косовската телевизија Т7.

Тој додаде дека кога ќе се увери дека прашањето за промената на границите е целосно затворено „планира да се бави со внатрешните теми“.

Харадинај довчерашната соработка со Демократската партија на Косово (ПДК) на претседателот на собранието Кадри Весељи ја опиша како лошо искуство.

Како што кажа, ПДК го попречувала во врска со „најважните национални прашања“, како и дека не сака да соработува со партијата на Весељи.

Харадинај потврди дека не го информирал лидерот на ПДК, својот коалициски партнер, дека ќе поднесе оставка на функцијата премиер на Косово, а како причина за тоа кажа дека Весељи „не оставил простор“ за разговор за чувствителните теми.

„Зошто да го предупредам човекот кој во Вашингтон кажа дека Харадинај разговара со Америка како и со Србија!? Не ми остави простор да разговараме за такви теми“, кажа Харадинај.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе