Бидејќи е викнат во Хаг како осомничен

Харадинај поднесе неотповиклива оставка, падна целата косовска влада

Рамуш Харадинај денес поднесе неотповиклива оставка на функцијата премиер на Косово откако беше повикан да даде исказ пред Специјалниот суд во Хаг како осомничен за воени злосторства.

На крајот од седницата на косовската влада, Харадинај објави дека ќе поднесе неотповиклива оставка и изјави дека добил покана да сведочи пред Специјалниот суд во Хаг како осомничен за воени злосторства, објави Коха.нет.

На крајот од состанокот тој го прочитал писмото со оставката, но порачал дека царините што неговата влада ги воведе за увозот на стоки од Србија и БиХ ќе останат во сила до понатамошно известување.

„Му го враќам мандатот на народот, и прво вас ве информирам за тоа. Владата ќе продолжи да ги извршува своите функции за да не се создаде вакуум, официјално ќе ги информира сите релевантни институции и секогаш ќе ѝ биде верна на татковината. Оставката е неотповиклива“, изјави Харадинај на прес-конференцијата по седницата на Владата.

Но веднаш по неговата оставка, косовските медиуми јавија дека паднала и целата влада.

Харадинај истакна дека одговорноста сега оди кај претседателот Хашим Тачи, кој има задача да иницира консултации за одредување на датумот на новите избори.

„Повторно ќе ја барам довербата на народот. Јас не сум обвинет, туку сум сослушан. Јас сум одговорен за моите одлуки. Ќе се кандидирам повторно со мојата партија, но не можам да продолжам да ја водам владата, бидејќи тоа ќе му наштети на Косово. Не го избрав ова и не мислам дека заслужувам да му го правам ова на Косово, па затоа нема“, рече Харадинај.

Владата во заминување беше формирана на 9 септември 2017 година. Харадинај како премиер на крајот од минатата година донесе одлука за стопроцентни такси за сите стоки што доаѓаат од Србија, и така целосно ги прекина преговорите меѓу Белград и Приштина.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе