Косовскиот премиер

Харадинај: Поделба на територијата за мене значи војна

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај се спротивстави на идејата за размена на територии со Србија и даде силно предупредување. Тој изјави дека за него тоа значи војна.

„Поделбата за мене значи војна, јас та го кажувам без двоумење и ризично е да се зборува за поделба“, кажа Харадинај, зборувајќи за прашањето за размена на територии, односно за поделба на Косово која во јавноста ја изнесе Љутви Хазири.

Според него, секој што спомнува поделба ќе донесе трагедија на Балканот. „Не е добро да се спомнува поделба. Секој што спомнува поделба, од која било причина, ќе донесе трагедија на Балканот“, кажа Харадинај.

Премиерот на Косово, како што пренесува Коссев, кажа дека во овие услови не постои поделба, ниту размена на територии, бидејќи ситуацијата е загрозена. „Нема поделба, нема размена на територија, поместување на граници, тоа е опасност, тоа во овие услови не се прави“, кажа првиот човек на косовската влада.

Гостиварскиот градоначалник од сограѓаните побара да бидат потолерантни кон однесувањето на печалбарите.

повеќе

Дента кога македонската делегација беше на пат за Нивици, Заев со себе требаше да понесе еден венец.

повеќе

Прашањето е претенциозно, интенционално и суштински погрешно формулирано, не го задоволува т.н. троен тест на единство и е итро, манипулативно и сугестивно.

повеќе