Харадинај останува кандидат за претседател на Косово

Алијансата за иднина на Косово на предвремените парламентарни избори нема да има кандидат за премиер на Косово, бидејќи нејзиниот лидер Рамуш Харадинај останува кандидат за претседател на државата.

EPA-EFE

„Немаме кандидатура за премиер, имаме кандидатура за претседател“, им потврди на приштинските медиуми самиот Харадинај.

Тој оцени дека целта на партијата е освојување над 20 пратенички места во новиот, осми состав на косовското собрание, на вонредните парламентарни избори кои ќе се одржат на 14 февруари.

АБК е инаку втора партија по големина во досегашната коалиција која ја предводеше Демократскиот сојуз на Косово.

Вршителката на должноста претседателка на Косово Вјоса Османи во средата за 14 февруари ги закажа вонредните парламентарни избори и потпиша декрет за распуштање на актуелниот состав на косовскиот парламент.

Кандидатури за премиер досега објавија ДСК, чиј кандидат е премиерот на должност, Авдулах Хоти, и Демократската партија на Косово, чиј кандидат е Енвер Хоџај.

Движењето Самоопределување најави објавување на имињата на кандидатите, но уште се во тек консултациите дали пресудата на уставниот суд му ја оневозможува кандидатурата на Аљбин Курти за пратеник и по изборот за премиер на Косово.

За тоа меѓу правните експерти на Косово има различни толкувања.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе