„Не зависиме од Србија“

Харадинај: Никој во САД не е за поделба на Косово, добивале погрешни пораки од Балканот

Премиерот на Косово во оставка Рамуш Харадинај изјави во Приштина дека никој во САД не е за поделба на Косово, дека секогаш биле со Косово, но дека добивале погрешни сугестии од Балканот.

Харадинај на конференција за медиумите кажа дека погрешни сугестии не биле праќани само од српска туку и од косовска страна, пренесува косовската телевизија Клан Косова.

„Постојат два света – Србија со нејзините сојузници што работат против нас и нашиот свет, кој ја одвраќа Србија на внатрешен план. Не зависиме од Србија, ниту ни е потребно навивање од Србија за внатрешните прашања на Косово. Избегнавме поделба на Косово и секаков аспект на слабеење на Косово“, кажа Харадинај.

„Што се однесува до прашањето на Балканот и Косово, јас мислам дека грешките се случуваа на Балканот, а не во Вашингтон“, кажа Харадинај на прашањето што мисли на оставката на советникот за безбедност на Белата куќа Џон Болтон.

Според него погрешните сугестии во Вашингтон биле праќани од Балканот, „се разбира од претседателот на Србија Александар Вучиќ“, бидејќи неговиот државен интерес е поделба на Косово“, но, како што кажа грешки имало и „од други“.

„На границата на Косово се дели границата на влијанието на Америка и Русија и ние сме на линијата на фронтот. Убеден сум дека Америка е секогаш со Косово. Никој во Америка не е за поделба на Косово. Америка секогаш била со Косово, но сугестиите од Балканот биле погрешни“, кажа тој.

Харадинај повтори дека царините од 100 отсто за стоката која се увезува од Србија и БиХ ќе се укинат со меѓусебното признавање.

„Србија може да продолжи да се крие зад царините, но последиците нема да ги почувствува само Косово“, кажа Харадинај.

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе